Нашата приказна

Инспирирани од животните подвизи на врвни спортисти и планинари од целиот свет – а и самите вклучени во активности во планина, ја добивме идејата за основање на SpikeX. Нашата цел е да изградиме заедница на истражувачи, храбри авантуристи и спортисти, но и да ја поткренеме свеста за животната средина на локално и национално ниво.

 

Силно веруваме дека промените во светот започнуваат од самите нас и тоа го препознаваме како одлична можност за преземање на позитивна акција во насока на подобрување на сопственото здравје и самореализација. За таа цел, SpikeX работи на проширување на понудата на производи за разни спортски дисциплини и рекреативни активности.

Нашата визија

Нашата визија е да ја направиме спортската и планинарската опрема достапна секому и притоа да ви помогнеме да ги спознаете вашите способности и потенцијали. Желбата на SpikeX е од себе да изградите успешна приказна, која ќе ве однесе чекор напред во остварување на вашата цел.

 

Спознајте ги своите способности и надминете ги сопствените лимити, а ние сме овде да ве поддржуваме и бодриме. Бидете самите свои херои. Небото е лимитот!

Нашата мисија

Нашата цел е да инспирираме позитивна промена кај младата и постарата популација и да го издигнеме спортот

 на повисоко ниво.

За SpikeX

SpikeX е онлајн платформа за продажба на високо квалитетна спортска, планинарска и фитнес опрема произведена од врвни светски брендови кои ќе одговорат на сите ваши авантуристички, рекреативни и спортски потреби и ќе го направи незаборавно вашето купување.

 

Со SpikeX можете да купувате продизводи со само еден клик, да добиете брза испорака, поддршка на клиенти 24/7 и безброј други изненадувања. 

Почит кон

природата

Нашиот тим неуморно работи на изнаоѓање решенија за заштита на животната средина и за рационално користење на достапните ресурси. Сите документи во SpikeX се исклучиво во електронска форма. Фактурите за секоја извршена транскација се исто така во електронска форма. Дел од линијата на производи се направени од рециклирачки материјал. 

Повеќе

Охридска бр.50

Скопје, 1000, Р.Северна Македонија 

Тел: 070 643 191

Детали

Социјални мрежи

Мејлинг листа

Известување за специјални понуди

©2019 SPIKEX

0