Услови, правила и упатство за користење

Грижа за клиенти

SpikeX соработува со врви спортски брендови за да испирира позитивна промена кај вас и вашето семејство. Секоја промена во светот започнува од самите нас и тоа го препознавме како одлична можност за позитивна акција. Нашата опрема е направена од био разградив материјал за да се намали негативното влијание врз животната средина. Работиме напорно за да обезбедиме незаборавно искуство пред, за време на и после купувањето на нашата веб страма. Би биле горди доколку ја направиме спортската и планинарската опрема на SpikeX ваш прв избор. Нашите потрошувачи може да не контактираат на нашата веб страна преку интерактивното прозорче "Контактирајте не“ или на следните мејл адреси: contact@spikex.com.mk и volkan@spikex.com.mk.

Заштита на лични податоци

Со SpikeX нашите купувачи може да бидат сигурни дека нивните лични податоци се најстрого заштитени и чувани во нашата датабаза. Компанијата ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со регистрацијата за on-line купување на спортска или планинарска опрема, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Секој пат кога ќе внесете лични податоци или податоци од вашата кредитна картичка, истите ќе бидат трансферирани до нас преку Secure Stockets Layer (SSL) технологијата. Плаќањето може да е со кредитна картичка (Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro) издадена од било која банка преку сигурносниот систем за авторизација на SSL. Плаќањето е 100% безбедно! Во истиот момент кога наплатата ќе биде ефектуирана, на  e-mail адресата на клиентот која тој ја оставил во текот на внес на податоците за регистрација, се испраќа потврда во електронска форма во прилог (attachment) на автоматската порака од SoikeX. Друг показател за безбедноста на нашата е-комерц страна е сигурносниот протокол https содржан во самиот линк. Доколку решите купувањето да го направите на поинаков начин, SpikeX ја нуди безбедната алтернатива за нарачка по телефон. Нашите претставници за грижа на клиенти ќе се погрижат да ви помогнат околу вашата нарачка и да обезбедат одлично купувачко искуство.

Нарачка на големо

SpikeX ја нуди можноста за нарачка на големо и врши

бесплатна достава до Вашите малопродажни објекти или домови. Рокот во кој тоа ќе биде направено зависи од големината на нарачката, и од моменталниот распоред на патувања на доставните возила на SpikeX. Во секој случај, тоа е предмет на интерен договор меѓу нас, а ние ќе се погрижиме вашите производи да стигнат до вас во најбрз можен рок.

 
Методи на плаќање

Плаќањето може да се врши 24/7 секој ден во неделата од удобноста на домот, преку персонален компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон, без провизија и дополнителни банкарски трошоци.

  • Уплата преку жири сметка

  • Кеш

Повеќе

Охридска бр.50

Скопје, 1000, Р.Северна Македонија 

Тел: 070 643 191

Детали

Социјални мрежи

Мејлинг листа

Известување за специјални понуди

©2019 SPIKEX

0