Полиса за достава и враќање на производи

Достава
Враќање на производи

Достава на сите производи купени на нашата веб страна ќе биде извршена во рок од 7 (седум) дена лично до Вашиот дом од страна на фирма за достава, доколку не решите доставата на купените производи да биде извршена поинаку.

При правење на нарачки потребно е да ги оставите следниве податоци: име и презиме, адреса, град и телефонски број. 

Од исклучителна важност е да оставите телефонски број на кој би биле достапни во текот на денот! Курирот ги известува купувачите пред доставата за точното време на испораката.

Трошоците за испораката зависат од големината и тежината на пратката, како и од фирмата за достава, и истите ќе бидат пресметани и прикажани во Вашата купувачка кошничка.

Секој производ, купен преку интернет страната на SPIKEX, има соодветен гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот со производ со соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.

Купувачот своето право на враќање може да го искористи во рок од 36 часа од моментот на примање на пратката под услов оспорениот производ да е во иста физичка состојба во која бил испорачан, да биде неоштетен и некористен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Откако ќе биде утврдена фаличноста на производот, купувачот може да избере една од понудените две опции: враќање на парите во износ на купениот производ или замена со сличен производ. Доколку побарате враќање на парите, средствата ќе Ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Задолжително чувајте ја фискалната сметка и фактурата-испратница со деталите за типот и количината на купениот производ.

Купувачот нема право да врати производ доколку:

- Не располага со доказ за купување на производот (фискална сметка и фактура-испратница);

- Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси;

- Има причинето оштетувања или дефекти при неправилна употреба на производот;

- Има причинето друго физичко оштетување на производот.

Повеќе

Охридска бр.50

Скопје, 1000, Р.Северна Македонија 

Тел: 070 643 191

Детали

Социјални мрежи

Мејлинг листа

Известување за специјални понуди

©2019 SPIKEX

0